Тој на својот Фејсбук профил сподели вест од порталот Република, под наслов "СДСМ игра на картата на кратко памтење – 10 заборавени објекти кои Владата не ги става во употреба поради фрустрации".

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 10:11

Груевски до СДСМ: За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кои моментално е во Будимпешта, се огласи во врска со владеачката партија СДСМ.

Поранешниот премиер Груевски се огласи по веста дека СДСМ, не пушта во употреба објекти кои ги започна ВМРО.

Тој на својот Фејсбук профил сподели вест од порталот Република, под наслов “СДСМ игра на картата на кратко памтење – 10 заборавени објекти кои Владата не ги става во употреба поради фрустрации”. Тој во описот над споделената вест напиша мудра мисла од Артур Шопенхауер, со што се надоврза на веста дека неколку објекти  владеачката партија не ги ставала во употреба, поради како што се наведува фрустрации.

„За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“, напиша Груевски, на својот Фејсбук профил.

Инаку во веста се наведуваат проекти кој ги започна тогашната актуелна власт предводена токму од Никола Груевски. Тука може да се набројат автопатот Скопје-Штип кој се уште не е во употреба,  жителите на Сопиште се уште не можат да влезат во центар преку новиот пат од Водно,кој е веќе направен?! Катната гаража кај музејот на Холокаустот во Скопје која е готова е уште од 2015, цели четири години стои изградена и празна, тука спаѓа и новата зграда на ЕЛЕМ во Скопје која беше готова уште од септември 2017. Во јуни истата година Никола Груевски и Христијан Мицковски, во својство на директор на ЕЛЕМ, ги прошетаа новинарите низ објектот за да покажат дека објектот е 99% готов. Република пишува дека и новиот голем објект во Затворот Идризово, кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ е одамна готов но година и пол не се пушта во употреба. Многумина коментираа дека сакале симболично да го отворат со затворање на Никола Груевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести