Груевски нема да ги одлежи сите пресуди

Објавил: Македонка Димкин | 27 мај, 2018 0:45

Груевски се пресели во Суд

Фото/Текст извор: ©Алсат ТВ

Првите пресуди во случаите на Специјалното јавно обвинителство го отвори и прашањето околу висината на можните затворски казни во случаите каде исти личности се обвинети во повеќе предмети. Збирно, екс помошникот министер во МВР, Ѓоко Поповски доби 15 години и шест месеци затвор во случаите за набавката на триста возила за полицијата и набавката на блиндираниот мерцедес.

Сепак, поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, објаснува дека Поповски нема да помине во затвор 15 години и 6 месеци, оти највисоката предвидена казна до двете кривични дела е максимум 15 години.

Според законот, него ќе му биде споена казната и ќе му биде изречена онаа казна која што e најголема за најтешкото кривично дело, но таа не смее да го опфаќа збирот на поединечните казни. Така да, во случајот 15 и пол години не може да остане. Тоа ќе биде казна која одговара на најтешкото кривично дело за кое што е осуден или казната од девет години. Или ќе има накачување на таа или ќе биде пресеметано заедно со времето кое го поминал во притвор“, вели Илиев.

Илиев ја анализираше и ситуацијата во која се наоѓа поранешниот премиер, Никола Груевски. Тој за набавката на луксузниот мерцедес доби двегодишна казна затвор, а протв него се водат уште четири други постапки. Највисоката казна му се заканува во случајот „Титаник“ каде на товар му се става и злосторничко здружување.

За уривањето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, Груевски се соочува со можна казна од минимум три години затвор, додека за провизиите од кинеските автопати и нарачаните шамари во Центар предвидени се затворки казни до 3 години. Илиев објаснува дека за сие случаи каде обвинет е Груевски ќе има една затворска казна и нема да има прост збир од пресудените казни затвор.

Ако биде прогласен за виниовен за сите пет случаи, поединечните казни кои ќе се изречат за сите од предметите ќе се спојат, односно ќе се повтори постапката. Ќе се изрече една единствена казна која не може да биде поголема од максималната казна за најтешкото кривично дело за кое што е осуден“, додава Илиев.

Илиев објаснува дека осудените Груевски и Поповски ќе се жалат до Апелацискиот суд каде завршува редовната жалбена постапка. По одлуката на второстепениот суд и правосилноста на пресудите, обвинетите ќе имаат можност на вонреден правен лек до Врховниот суд, кој сепак нема да го одложи одењето во затвор на осудените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.