На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 август, 2019 15:31

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш и останатите македонски симболи, ваквиот чекор наиде на одушевување во соседна Грција.

Очигледно Грците го профатија супер овој гест, па дури и решија да се пошегуваат на сметка на Македонија, со тоа што произведе нови маички во Грција по отстранување на сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје, во Битола и во другите градови.

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

– Сега го гледаш, сега не, пишува на маичката што стана хит кај грците.

Се објавуваат и коментари на Грците:

– Тотално ја обожавам мојата нова маичка, напиша Анастасија Мерѕу на Твитер покрај фотографијата што ја сподели со јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести