Ципрас следната година според аналитичарите предвреме ќе треба да го напушти кабинетот, на парламентарни избори во март или мај, по кои нема да добие нов премиерски мандат

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 6:23

Грција на предвремени избори па ратификација на Преспанскиот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичките аналитичари јасни на ставот дека грчкиот народ сака предвремени избори, по кои можеби ќе ја разгледа опцијата за ратификација на Преспанскиот договор.

Поголем дел од Грците, 63 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.

Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто заедно со локалните и европските избори во мај.

Според изборниот календар мандатот на владата на Ципрас истекува во ноември.

Опозициската Нова Демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката Сириза е на второ место со 20.3 проценти.

На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7.9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6.4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5.6 отсто.

Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.

Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.