За Филипче имаме неедуцирани лекари за Дончев Германија не одговорила на барањето на Фондот а дилемата кој лаже ќе ја решат родителите на малата Ева

Објавил: Мартин Попоски | 23 август, 2018 14:14

Дали Филипче за смртта на малата Ева ги обвини неедуцираните лекари?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство на Македонија Венко Филиплче по повод немилиот настан со смртта на 11 годишната Ева рече дека е потребна едукација на лекарите во Република Македонија со цел да се намалат ваквите случаи на испраќање пациенти во странство.

“Потребна е едукација на докторите. Но и сооветна опрема. Некои работи можеме да ги направиме но некои не. Ни требаат нови болници за лекување со подобри услови.” – изјави Филипче.

Тој истакна и дека во план е едукација на лекарите и како во странство така и во Република Македонија со странски експерти.  Со ова се смета дека ќе се намалат случаите каде пациентите мора да се испратат во странство поради кои ги нема државата.

Претходно се изјасни и Директорот на ФЗОМ Ден Дончев кој ја објасни процедурата на Комисијата за лекување во странство што ја помина 11-годишната Ева Крстаноска која почина од ретка форма на рак пред да успее да ја добие потребната терапија.

Како што истакна од ФЗОМ контактирале со германската болница но оттаму не добиле никаква понуда за лекување поради што морале да бараат друга опција.

Поради деновите на жалост магазин.мк ќе почека па ќе ги контактира и родителите на малата Ева кои очигледно имаат што да кажат за нивната трагедија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести