На денешното соопштување на пресудата, јавноста дозна дека професорите опфатени со случајот „ЕРАЗМУС“ се виновни.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 март, 2020 13:38

ДА ТИ СЕ ЗГРОЗИ ЖИВОТ: Професор од УКИМ барал сексуално да општи со студент за да му пише 6ка

Фото/Текст извор: ©а1on.mk

Од сите опфатени со случајот „ЕРАЗМУС“ само професорот Стојан Дебарлиев е прогласен за невин и ослободен од обвинението. Сите други професори, како и еден демоностратор се осудени на казна затвор и забрана за вршење на професорска дејност. 

Од сите опфатени со случајот „ЕРАЗМУС“ само професорот Стојан Дебарлиев е прогласен за невин од страна на судот.

Првообвинетиот во овој случај – Шуклев добил казна затвор во висина од 2 години заради примање на поткуп. Истрагата покажала дека Шуклев примал поткуп со вртоглава висина од своите студенти за да им пише преодни оценки. 

Вториот обвинет во случајот „ЕРАЗМУС“ е Драги Јанев за кој судот како и за Шуклев децидно ја потврдил вината. Обвинението дека примал поткуп и барал сексуални услуги од студентите за да им пише преодни оценки се потврдил со материјалните докази обезбедени со ПМ. Драги Јанев е осуден на две години и шест месеци затвор. 

На издржување на условна казна е осуден демонстраторот на Економски Факултет при УКИМ во Скопје – Драган Денковски за кој судот потврди дека имал посредничка улога во изнудување на поткуп од студентите и ги договарал сите начини на кој ќе биде даден поткупот и во која форма тој ќе биде. Професорите кои се осудени на казна затвор добиле забрана за вршење на професорската дејност во висина – 10 години од донесената пресуда, додека демонстраторот Денковски добил петгодишна забрана за вршење на дејноста. 

Во пресудата стои дека: 

Професорите ги прекршиле не само кривичноправните норми, туку и моралните и етичките норми кои ги налага кодексот во образовниот процес. Овој суд утврди дека Бобек Шуклев презел дејствија што му се ставаат на товар, побарал 1000 евра за да напише две оценки на студентот со цел да ги положи испитите. Тоа е утврдено од материјалните докази на ПИ – мерки. Тој побарал од студентот сексуални услуги, заедно да престојуваат во ресторани надвор од државата со цел да му пише оценка. Тоа е утврдено од видеоматеријалот но и од сведоштвото на осудениот Дејан Трајковиќ

Ова шокантно сознание дека професор барал сексуални услуги од својот студент ја потресе јавноста и ја продлабочи скепсата кон високото образование. Корупцијата вовисокото образование стана една од главните теми, а се наметна за време на студентските протести кои ги организираше „Студентскиот Пленум“. Со новиот Закон за Високо Образование се воведуваат носи реформи во високото образование, а корупцијата се повеќе се пријавува и „чешла“ од страна на надлежните институции. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести