На Македонскиот народ преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди самоукинување и автогеноцид, но тој е трпелив и ќе го препознае современите Понтиј Пилати

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 6:56

Дедо Агатангел: Лицемерни се решенијата за самоукинување кои му се нудат на Македонскиот народ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дедо Агатангел со уште едно Слово до Македонскиот народ во овие времиња на немир, крстопат и несигурност.

“Значењето на охридската архиепископија и МПЦ е огромно и непроценливо, преку нејзината вековна мисија и традиција, македонскиот народ го зачувал својот јазик и својот идентитет. Но и после толку поминати години, за жал сеништата од минатото повторно се појавуваат и го вознемируваат македонското битие“. – ова е дел од Словото кое го одржа митрполитот Повардарски по повод 60 годишниот јубилеј од обновата на Охридската архиепископија.

Владиката Агатангел се осврна на премрежјата со кои се соочува нашата држава, и македонскиот народ, доведени во ситуација да се борат за уставното име на татковината.

Денес не само што се одрекува македонската црковна автокефалност,туку се негира и македонскиот национален идентитет, а се загрозува и опстојот на македонската држава. Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид. Овие современи Понтиј Пилати и апостоли на немирот, надоградени со заслепувачка безумна омраза и високото мислење на себе, со години ја пеплосуваат македонската душа, го вознемируваат и разединуваат народот по сите основи. – изјава Агатангел Митрополит Повардарски.

Но македонскиот народ е умен, трпелив и сталожен, ги знае своите потреби и интереси, донесува правилни одлуки тогаш кога се загрозува неговото достоинство и неговото право на живот и постоење додаде митрополитот Повардарски.

Во охридската архиепископија пред повеќе од еден милиниум се удриле темелите врз кои се градел целиот напредок и сиот духовен развој на православниот народ во древна Македонија, затоа годинава, рече тој ја прославуваме илјада годишнината од нејзиното формирање.

Малку народи како нас македоннците  во светот имаат можност да прославуваат вакви јубилеи и значајни историски настани. Ова е историски настан, а не како што ни навестуваат некои. Токму Охридската архиепископија е потврда за древноста на македонскиот народ и неговата цивилизација која на Европа во наследство и оставила огромни и бесценети духовни вредности. – изјави дедо Агатангел.

Инаку делегатите на Архиепископскиот Црковно народен Собор изгласаа резолуција за неменување на името на Македонската православна црква.

Членовите на Соборот упатија и апел до сите политички субјекти во земјава за одговорен пристап во овој исклучително компексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско. 

Да не се менува Уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести