Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и од Општина Центар.

Објавил: admin@magazin | 9 мај, 2021 16:47

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА КОАЛИЦИЈА ПО ПОВОД 76 ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА КОАЛИЦИЈА ПО ПОВОД 76 ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

По повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, делегација на Град Скопје, составена од претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Никола Наумоски, денеска положи свежо цвеќе и на спомен-обележјето на борците на Антихитлеровата коалиција.

Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од Општина Центар.

Исто така Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и делагацијата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, предводена од рускиот амбасадор, Н.Е. Сергеј Баздник, положија свежо цвеќе по повод одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.