Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 13:18

(СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО)Започна судењето на Џулијан Асанж во Лондон !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во Лондон ќе почне судењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Асанж утре ќе има исто така судење за негова екстрадиција во Америка, каде се обвинува за објавување на тајни информации.

Џулијан Асанж ќе учествува во судскиот претрес, а судењето може да се следи на видео-линк. Тој беше уапсен на 11 април по налог на Шведска и САД. Од Министерството за правда во САД, јавуваат дека Џулијан би можел да биде осуден на 5 годишна затворска казна.

Денеска во Лондон започнува судењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година. Британските власти соопштиле дека без оглед на одлуката, нема да дозволат Асанж да ја напушти земјата, затоа што „се истрајни во намерата да го испорачаат“.

Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД. На 11 април, 2019 година Еквадор го укинал азилот за Асанж, а веднаш потоа бил уапсен од страна на британската полиција.

Асанж го основал мрежното место Викиликс во 2006 година и е член на неговиот советодавен одбор. Во Викиликс тој е вклучен во публикувањето на документи за незаконски убиства во Кенија, извештаи за исфрлање на токсичен отпад африканскиот брег, прирачници на црквата на Скиентологија, процедури кои се одвиваат во затворот на Гвантанамо, вклучувајќи и материјални големи банки и др. Тој од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавноста поради објавувањето на тајни документи на Викиликс кои содржат детали за инволвираноста на САД во војните во Авганистан и Ирак.

На 28 ноември 2010 година, Викиликс и медиумите кои ја поддржуваат започна да публикуваат тајни дипломатски документи на САД. Според британскиот весник “Гардијан”, ова го довело „Асанж во центарот на интензини медиумски шпекулации и кампања на омраза против него во Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести