Гајсер во својот статус пишува дека денеска во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти поврзани со актуелниот случај Рекет,директно во живо од студиото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 9:43

Денеска во 11 часот нова „бомба“ за РЕКЕТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанскиот новинар Ларис Гајсер кој воедно е и соработник на Ла Верита, вчера на својот Фејсбук профил објави дека денеска за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Фејсбук статус на италијанскиот новинар кој веќе објави три аудио и виде снимки поврзани со случајот Рекет

Гајсер во својот статус пишува дека денеска во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти поврзани со актуелниот случај Рекет,директно во живо од студиото.

-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот, на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио, напиша вчера Гајсер. 

За потсетување, Гајсер веќе објави три видео и аудио снимки поврзани со случајот Рекет, а во нив се споменуваат функционери и бизнисмени. Во едно од видеата е застапена и спесијалната обвинителка во заминување Катица Јанева, а во последното видео бизнисменот Орце Камчев со првоосомничениот во случајот го споменува и името на Бојан Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести