Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос.

Објавил: Владо Марин | 20 јули, 2020 9:23

ДЕНЕСКА Е СВЕТА НЕДЕЛА: Помолете се на оваа великомаченичка, ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули.

Св. маченица Недела е секогаш на еден исти датум, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос.
 
Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква.

Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

Родена е во недела, поради што добила и такво име (на грчки недела се вика кириакија). Ќерка е на Доротеј и Евсевија кои долго немале деца и Недела ја добиле по долги и искрени молитви. Била воспитувана во христијански дух, поради што уште од детството била посветена на Бога.

Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела!

Подоцна пораснала во убава девојка што ја сакале многу момчиња. Но таа сите ги одбивала, изјавувајќи дека е решена да остане девица и да се посвети на својот Бог, Исус Христос. Кога одбила и едно богато момче, тоа навредено ја наклеветило кај царот Диоклецијан за исповедање на христијанството.

Според едно предание таа ја одбила понудата и на царскиот син изјавувајќи: „Јас се свршив за Синот на царот на царевите“. Притоа за истата дејност било наклеветено и целото нејзино семејство.

Најпрвин настрадале нејзините родители, а потоа Недела била мачена на најсуров начин, била влечена, тепана со воловски жили, сечена по телото, ја фрлале на клада, ѝ пуштале диви ѕверови итн. Но сето тоа било залудно зашто Исус Христос секогаш после мачењето ѝ ги исцелувал раните.

А кога изјавила „За мене живот е да умрам за Христа“, била осудена да биде исечена со меч. Пред да биде погубена ѝ дозволиле да се помоли на Господа, а кога тоа го направила ја предала душата пред мечот да падне врз нејзиниот врат. Тоа се случило во родниот град Никодимија на 7 јули 289 година, кога имала само 22 години.

Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.