Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2020 11:57

Денеска никаде без чадор- од среда вистинска пролет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време, ќе има и повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите и понатаму ќе бидат претежно од снег, врнежите повеќе застапени ќе бидат во источната половина од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, доцна попладне и навечер има услови за слаб локален дожд. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 11 степени. Слаби локални врнежи од дожд и снег на планините ќе има и во вторник а ќе дува и северен ветер кој Долж Повардарието ќе засилува.

Максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Од среда ќе имаме постабилно и се потопло време, односно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...