На денешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи!

Објавил: Владо Марин | 18 јуни, 2020 7:59

ДЕНЕС ПРЕСУДА ЗА “РЕКЕТ”: Се очекуваат голем број медиумски екипи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пресудата за случајот „Рекет”, ќе биде објавена во големата на Врховниот суд, инфомираат од Кривечен суд Скопје!

На денешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.
 
За прв пат во историјата на државата ќе биде објавена пресуда против обвинител, односно против поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева!
 
Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица.
 
На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.
Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести