Ден на жалост во Куманово!

Објавил: Владо Марин | 25 февруари, 2020 10:08

ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КУМАНОВО: Почивајте во мир

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Куманово денеска е ден на жалост поради немилиот настан во Романовце во кој по експлозија на плинска боца загинаа три деца, а подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж.

Знамињата се спуштени на половина копје, а одложени се културните, спортските и забавните манифестации.

Одлуката за прогласувањето на 25 февруари за Ден на жалост вчера едногласно ја донесоа советниците на вонредна седница на Советот на општина Куманово.

Три деца на возраст од 6,8 и 9 години утрово загинаа пред два дена во страотна трагедија во кумановското село Романовце.

Прилината за трагедијата е експлозија на плинска боца во семејна куќа, а кумановската полиција иврши увид.

Во експлозијата беа повредени уште 7 членови на семејството каде се случила тешката несреќа.

Сите 7 повредени поради тешките повреди и изгореници се префрлени во скопските болници.

Меѓу повредените има уште едно дете, една бремена жена и 5 возрасни.

Експлозијата се случила во една од просториите во семејната куќа на настраданите. Оганот ја изгорел целосно собата во која биле десетмината повредени и загинати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam