Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи кај Пуста Кула.

Објавил: Весна Петровска | 16 јануари, 2020 15:56

ДЕТАЛИ ЗА ВЕРИЖНИОТ СУДАТ КАЈ ВЕЛЕС: Има тешко повредени!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била донесена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

Жената е една од тројцата повредени во верижниот судир кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје. Останатите две лица се татко и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Девојчето здобило нагмечувања на телото и заедно со таткото се задржани на опсервација.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката во која беа вклучени шест возила и има тројца повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...