Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Објавил: Владо Марин | 3 јуни, 2020 8:01

ДЕТАЛНО МЕТЕО: Од недела температурите на воздухот ќе бидат во пораст

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа утре ќе имаме нешто постабилна атмосфера, иако има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во попладневните часови. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува, особено во петок. Температурите на воздухот, поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на пораст и од утре ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во петок попладне и во вечерните часови особено на запад ќе има локални врнежи од дожд и тоа под влијание на нов влажен бран. Врнежи на повеќе места ќе има во сабота и тоа особено попладне, ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со грмежи. Исто така, сабота ќе биде малку посвежа.

Потоа од недела повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст а атмосферата нема да биде во целост стабилна, што значи ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во попладневните часови.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...