Димоски ги повика пратениците од СДСМ и коалицијата да не го менуваат името на Армијата на република на Македонија.

Објавил: Мате Парлоф | 15 февруари, 2020 19:33

ДИМОСКИ: Вие станавте поголеми Грци од Грците- во историјата ќе останете запишани со име и презиме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-Главна и суштинска измена на овој закон е промена на името на Армијата на Република Македонија во Армија на С. Македонија, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Собранието попладнево продолжи со 123. седница и дискусијата по Предлог-измените на Законот за одбрана.

Измените предвидуваат промена на социјалниот и правниот статус на Армијата. Со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на “Северна” Македонија.

После ова реагираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој апелира да не се брза со промена на името на АРМ.

Тоа значи дека името на Армијата на Македонија не мора да се смени денеска во согласност со вашиот Преспански договор. Имате право да одлучите денеска да не го смените името на Армијата, затоа што обврската што сте ја преземале говори дека тоа треба да се направи во рок од 5 години. Зошто вие денеска брзате, праша Димовски.

Тоа значи дека името на Армијата на Македонија не мора да се смени денеска во согласност со вашиот Преспански договор. Имате право да одлучите денеска да не го смените името на Армијата, затоа што обврската што сте ја превземале говори дека тоа треба да се направи во рок од 5 години. Зошто вие денеска брзате, праша Димовски.

Ниту еден документ во министерството за земјоделие не мораше да се смени во С. Македонија. Ниту мораше да се менува името на документите од министерството за транспорт и врски.

Вие го кршите Преспанскиот договор. Вие станавте поголеми Грци од Грците. И во историјата ќе останете запишани со име и презиме, рече од говорницата Илија Димовски.

-Главна и суштинска измена на овој закон е промена на името на Армијата на република Македонија во Армија на С. Македонија. Да ви објаснам. Ние пуштивме во процедура идентичен текст на закон кај заменик на министерот без оваа измена. Значи нашиот предлог беше да не се смени името на државата. Ќе ви дадам интересни образложенија.

Вчера во врска со таблата во Министерството за труд и социјална политика ви го читав членот 10 точка Б од преспанскиот договор. Вашиот Преспански договор вели дека политичкиот преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали и ќе започне да се применува после отворањето на поглавјето во следните 5 години. Што значи тоа? 

Според него, СДСМ и нивните коалициони партнери само прават штета на државата.

-Таа алатка која што е во Преспанскиот договор, која што вели ние имаме право да ги зачуваме имињата на институциите, докумнтите, материјалите под уставното име Република Македонија, е убава алатка доколку има совесни политичари за на тој начин да ја принудиме другата страна побрзо да се завршуваат преговорите за затворањето на поглавјата.

Ние вака ги испукуваме куршумите, ја правиме штетата врз нас и потоа немаме куршум, немаме карта во рака, немаме џокер како сакате наречете го тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика