Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 9:43

Доктор од Инфективна: Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото медицина и здравје

Гоце Марков е медицинско лице од внатрешноста на Македонија, а на својот Фејсбук профил тој објави дека на Инфективната клиника во Скопје, каде тој дојде на помош, луѓето буквално се молат за кислород. Тој вели не се работи за обичен грип, туку грип кој е непредвидлив.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост… 

За браќата и сестрите мои скептици!!
Не е грипче луѓе!
Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира?

Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?!
Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата.

Почнуваме!!
Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата.
А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма!
Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку!

Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат…
Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од убиствената рутина…
Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови…
… но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е….

Што се случува тука?

Тука Животот и Смртта се другари!?
Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!

Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа.
Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно.
А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!!
Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек.

Тешко е…многу е тешко…но не поради работата без крај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!
И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?!
По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку!
Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!!
А небото не е граница за храбрите да знаете!

Тоа е само еден обичен почеток!

П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест!
Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката.

А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките!

Не поради друг!!
Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите Фамилии…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...