Лебот се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2019 21:48

ДОМАШЕН ЛЕБ СО МАСЛИНКИ

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Лебот може да се јаде сам,намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.

Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода.

Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.

Состојки:

1 кг брашно
30 гр квасец
30 гр сол
20 грама шеќер
570 мл млака вода
500-700 гр маслинки
масло за готвење

Начин на готвење:

Со брашното, квасецот, солта, шеќерот и водата замесете тесто.
Оставете го тестото да стаса околу 40 минути.
Во меѓувреме исчистете ги маслинките од семките и секоја маслинка исецкајте ја на неколку дела.
Исцедете ги маслинките и ставете ги во посебен сад.
Со рака истегнете го тестото и ставете го во подмачкан со масло за готвење сад за печење.
Врз него нанесете ги сецканите маслинки. По желба можете да додадете и зденки или рендар кашкавал.
Преклопете го тестото и повторно оптегнете го во истиот сад за печење. Внимавајте тестото да не се скине или да не маслинките да не го пробијат тестото.
Оставете го тестото да стаса дополнителни 20 минути.
Лебот се пече максимум 40 минути на температура од 180 степени.
Десетина минути пред да го извадиме од печење, одозгора премачкуваме со масло, маргарин или путер. Врз кората ставаме непечени семки од тиква, сончоглед, соја и ленено семе.

Уживај и готви со љубов 🙂

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.