Британските медиуми пренесуваат дека вкупно со коронавирусот се заразени 3. 554 лица. До сега во покраината каде има најмногу заболени бројот достигнал до 840 случаи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јануари, 2020 12:21

Досега од смртоносниот Корона вирус починаа 131 лице

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сто триесет и едно лице до сега починале од корона вирусот кој сее страв во Кина и светот. До сега се регистрирани повеќе од 4.600 заболени.Бројот на починати во провинцијата Хубеи до синоќа се зголеми за 25, со што нивниот вкупен број изнесува 125.

Тешка акутна респираторна синдром (САРС) е заразна болест која за прв пат е забележана во ноември 2002 година во кинеската провинција Гуангдонг. Според Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт во Хамбург, клиничката слика одговара на атипична пневмонија. Предизвикувачкиот агенс на САРС бил претходно непознат корона вирус, кој сега е познат како САРС-поврзан вирус корона (САРС-КоВ). Единствено најголемо појавување на болеста досега е пандемијата на САРС во 2002/2003 година, со околу илјада жртви.

Британските медиуми пренесуваат дека вкупно со коронавирусот се заразени 3. 554 лица. До сега во покраината каде има најмногу заболени бројот достигнал до 840 случаи.

Коронавирусот започна да се шири од Вухан, главниот град на провинцијата па таму има најголем број на жртви.

Инаку вчера беше отворена првата болница во која ќе бидат сместени лица заразени од коронавирусот во близина на Вухан.

Еден од најпознатите српски епидемиолози Радмило Петровиќ пред извесно време излезе со тврдење дека Корона вирусот е произведен во лабараторија и дека лек постои. Тој уверува дека се чека вирусот да се проширува уште повеќе за некоја од фармацевските компании да излезат со лек.

За вакцина пак ќе треба малку повеќе време, за да се откријат подлогите на кои може да се размножува и вештачки да се одгледува вирусот. Тој треба да се размножи   во доволна концентрација и количина и потоа да се убие-објаснува докторот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.