Таа во судот беше донесена од домашен притвор. Денеска во судот како сведоци во случајот „Рекет“ треба да се појават Јордан и Ана Камчеви. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 10:13

Дотерана со полициска придружба Катица Јанева пристигна во судот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева пристигна во судот за закажаното ново рочиште за случајот Рекет.

Таа во судот беше донесена од домашен притвор. Денеска во судот како сведоци во случајот „Рекет“ треба да се појават Јордан и Ана Камчеви. 

Се очекува во судот да пристигне и првоосомничениот Бојан 13 кој на минатото закажано судење кое беше на 3 ти декември доцнеше 45 минути.

Катица Јанева пристигна во судот на денешнто судење каде како сведоци ќе се појават Орце и Ана Камчеви.

Катица Јанева и Боки 13 во вторникот се изјаснија за невини додека пак Зоран Милевски Кичеец доби казна затвор од 3 години.

Боки 13 во вторникот истакна дека Русковска му обезбедила некакви информации за случајот. На тоа обвинителката рече дека не му дала никакви информации и дека новинарите треба да бидат сигурни во тоа.

За изјавата дека камерите во домот на Јовановски ќе докажат каде се парите, Рускоска рече дека не знае дали тоа вештачење е завршено и дека доколку е така „ќе биде добро доколку се утврди каде завршиле парите“.

Обвинителката, на прашање на новинарите за пораката на Јанева до судиите да не се плашат од Рускосвска, рече дека поранешната специјална обвинителка не е во ситуација на никого да порачува дали да се плаши или не.

За почетокот на воведниот збор каде го спореди предметот „Рекет“ со филмот „Чарлиевите ангели“, обвинителката Рускоска рече дека таа направила аналогија со тој филм.

-Секако дека сум го гледала, но не сум ја гледала македонската верзија, документарецот што тие си ја снимаа за себе и затоа почнав со Чарлиевите ангели, мислејќи на документарецот, рече Рускосска.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести