Во најновиот Извештај на Државниот завод за ревизија за 2017 година, стои дека Министерството за здравство набавило вакцини со пократок рок.
Станува збор за вакцини кои се наменети за деца од редовниот календар за имунизација кои имале рок на траење за една година пократок од тој што бил наведен во фактурите од страна на добавувачот.
Во записникот за прием на МЗ и Агенцијата за лекови стои ваквата забелешка, но внатрешната контрола на Министерството за здравство не ја забележала утврдената состојба и не биле преземни мерки за да се спречи дистрибуцијата на овие вакцини.
Како што стои во извештајот оваа набавка на вакцини со пократок рок на траење чинела 15.280 000 денари а одела преку Министерството за здравство и Агенцијата за лекови. Поради покусиот рок се создава сомневањето кај родителите дали вооопшто треба да ги вакцинираат своите деца.
Ревизорите нагласуваат дека со ова се губи довербата кај граѓаните и допринесува за намалување на процентот на имунизација кај децата.
„Утврдената состојба не е забележана од страна на внатрешната контрола на Министерството за здравство и во услови кога довербата во сигурноста на вакцините кои ги набавува МЗ во јавноста е намалена, ваквите состојби придонесуваат за негативни реакции во јавноста и дополнително намалување на нискиот процент на имунизација кај населението“, се вели во Извештајот на ДЗР.
Иако се уште нема докази дали ваква случка имало и претходно, сепак родителите револтирани во јануари годинава во екот на морбилите, родителите реагираа дека во пунктовите на децата им се даваат вакцини против морбили кои се пред истек на рокот на траење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.