За овој историски пласман на Тамара и нејзиниот победнички тим премиерот Зоран Заев им додели плакета.

Објавил: Весна Петровска | 31 мај, 2019 9:52

ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО: Иван Ивановиќ упати тешка навреда кон македонскиот народ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Евровизија помина и целата таа еуфорија полека спласнува, оваа година нашата Тамара беше прва од гласови на жирито што тоа овозможи Македонија да има историски пласман.

За овој историски пласман на Тамара и нејзиниот победнички тим премиерот Зоран Заев им додели плакета.

Но, нашиот сосед Србија е изреволтиран што македонското жири не додели ниту еден поен за српската песна на Евровизија.

Композиторот Григор Копров преку објава на Фејсбук и се извини на Србија што нивната песна на Евросонг не доби ниту еден поен од Македонија. Според него, причина за тоа е што нашата комисија наместо од најеминентни автори била составена од анонимуси.

Жири комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај – напиша композиторот.

Водителот на српското шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ во последната емисија упати тешка навреда за Македонија и за македонскиот народ.

За Ивановиќ во Македонија живеат само Албанци.

Овој потег на водителот наиде на негативни критики кај Македоцните и се надеваме дека Иван Ивановиќ ќе му се извини на целиот македонски народ за тешката навреда што ја упати по повод Евровизија.

Во продолжение слушнете ги навредливите зборови од страна на водителот на популарната српска емисија „Вечер со Иван Ивановиќ“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.