Како што велат од Основното јавно обвинителство во интерес на истрагата, не можат да споделат детали за нивните изјави.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јули, 2019 9:21

Другарот од БОКИ 13, Стефан Богоев дал исказ за случајот „Рекет“!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, дале исказ за случајот „Рекет“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што велат од Основното јавно обвинителство во интерес на истрагата, не можат да споделат детали за нивните изјави.

– Паралелно со прибирањето на вербални докази, обвинителството дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија. Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител – велат од Обвинителството.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и за Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец тргувале со влијание за случајот „Империја“ на СЈО. Боки 13 го користел СЈО за рекет од 8 милиони евра.

Се работи за предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други лица се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести