После година и три месеци, тешка битка со корона пандемијата, здравствените работници конечно може да здивнат.

Објавил: Перо Милчин | 28 мај, 2021 6:53

Др Балевски: Пандемијата е лекција и големо искуство за сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Др Горан Балевски директор на охридската болница: Пандемијата е лекција и големо искуство за сите, се надевам дека нема да се повтори повеќе!

После година и три месеци, тешка битка со корона пандемијата, здравствените работници конечно може да здивнат.

Охридската болница полека се враќа со нормално функционирање.
Моментално има 25 пациенти ковид позитивни згрижени во модуларната болница.

Пандемијата беше лекција за сите, но се надевам нема да се повтори, вели д-р Горан Балевски директор на охридската болница.

Никогаш не сум очекувал дека ќе не снајде вакво нешто , беше еден голем удар. Тешко беше да се издржи и физички и психички посебно за здравствените работници.
Верувам дека нема доктор посебно директор на здравствена организација, која што беше ковид центар што не е изморен. Секојдневна битка беше тоа, не можев да спијам. Во овие година и три месеци дневно спиев по три саати без да ѕвони телефон“, вели д-р Горан Балевски директор на охридската болница.

Балевски важи за директор, кој на сите им одговорил на телефонските повици. Секогаш достапен, срдечен, грижлив човек.

„Непредвидлив беше секој ден.
Јас кога станав директор беше ковид пандемија. Нужна беше реорганизација на болницата, отворавме тријажни центри, набавки на редуктори. Ако ви кажам дека инфективното одделение од почетокот на ковидот трошеше дневно една боца а во текот на пандемијата трошевме сто боци кислород дневно.
Покрај менаџирање со болницата секојдневно бев во операциона сала, морав да оперирам. Ние сме како урологија регионален центар, и оперирав и приправност имав. Покрај тоа што сум уролог работам и со кислород имам уште една постдипломска , автор сум и на книга. Работам со хипербарична комора, па затоа и добро ги познавам машините сипап, кислородни машини.
Со цело срце и на драга волја сакав да помогнам и помагав. Никогаш не ги делев луѓето по политичка припадност. Оваа криза не научи дека е потребен стручен кадар во болниците а помалку администрација“, додава Балевски.

Лично директорот Балевски неколкупати патуваше во Скопје со тешко болните пациенти за да ги згрижи на Инфективната клиника во Скопје.

Охрид е мало место, ние сме сите пријатели, познаници или роднини. За секој заболен добивав јавување, за секој починат сам се овинувате.
Најмногу ме погодуваше кога ќе изгубевме некој млад живот.
Тоа го чувствував како личен пораз и голема загуба. Прегледував, каде ќе стигнам . Никогаш телефон не исклучив, на сите повици се трудев да одговорам. Правев транспорти, лично јас одев со амбулантно возило до Скопје со пациентите. Правев и обуки за употреба на кисолород, на сипап маски“, раскажува д-р Балевски.

Еден од случаите во ковид пандемијата, кој го прави особено среќен е спаувањето на родилка од Охрид, позитивна на ковид 19.
-„Цел живот ќе ја паметам родилката од Охрид , која во тешка состојба ја однесовме на гинеколошка клиника. Се породи меѓутоа шестиот ден откако ја пуштија, доби емболија и моравме со машина со амбуланта и екипа повторно да ја носиме во Скопје.
Голема среќа и благодарност до колегите во Скопје и на д-р Маја Мојсовска , успеавме и ја спасивме“, вели Балевски.

Болницата доби огромна поддршка и од хуманите граѓани, бизнис секторот и колегите.
-Голема среќа е што Охрид има хумани граѓани. Кога немаше Н-95 маски, нас д-р Билјана Кичеец ни помогна ние добивме донација 3000. Ние немавме никаков проблем. Некои фирми донираа без да сакаат да им се спомне име. Фирма од Охрид ни купи 50 редуктори и не рече не сакам да ме спомнувате. Сипап маски и брат ми ми прати од Словенија. Многу ми помогна тоа што сите производители на маски, кислород ги знаев од порано од работата со хипербарични комори, појаснува д-р Балевски.

Во третиот бран се случуваше дневно да се хоспитализираат и по 30 новозаболени пациенти во тешка состојба.

Ние во Охрид имавме спојување на вториот и третиот бран. Имавме 112 лежечки пациенти плус дополнителни 50 тина амбулантни кои приамаа терапија. Беше еден тежок период , голем товар и за болницата и за сите вработени.Во третиот бран на пандемијата се случуваше да треба да хоспитализираме 30 пациенти одеднаш. Се случуваше да имаме недостаток на кревети. Постојано се реорганизиравме. Искрено стравував да не станеме калстер. Да не заболат одеднаш голем број здравствени работници.
Имавме заразување на персонал, но за среќа не сескплозивно. Персоналот покажа голема совест и храброст, искрено им благодарам.
Херојски ја истеравме оваа тешка битка“, додава д-р Балевски.

Покрај битката со пандемијата, реорганизација , прием на пациенти, транспорт, д-р Балевски секојдневно беше и во операциона сала.

„Јас сум и оператор, Уште кога ме назначија за директор прво прашав дали ќе може да оперирам . За мене секој директор, прво е доктор а потоа менаџер. Така да јас прво ќе му помогнам на некој да го оперирам отколку да седам на состнок без потреба. На состаноци одев со мотор. Јас една година не знаев дека имаме службен автомобил. Никогаш не сум ја користел, ниеден ручек не сум платил од болницата. Не се расфрлуваме со презентација“, вели д-р Балевски.

И покрај секојдневните контакти со болните Балевски не заболел од корона вирусот.

„Секојдневно бев во ковид центарот и во контакт со ковид позитвини, навистина не знам како не заболев. Во семејството беа болни и мајка ми, тетките и брат ми, јас не.
Дури имав и случај кога од позитивен пациент ми прсна крв во очи, додека го испирав, но ете за среќа не заболев. Сега сум вакциниран. Што повеќе луѓе се вакцинираат ќе се намали притисокот на болницата. Добро е организиран вакцналниот пунк имаме персонал од кадиолошки, коснозглобна. Задоволен сум од интересот на граѓаните за вакцинација, солиден е се надевам дека ќе продолжи вака. Граѓаните се свесни дека ан тој начин ќе се ослободиме од ова зло“, вели д-р Балевски..

Еден од поголемите проблеми, во здравството во земјава се капацитетите на болниците.

Ние немавме инфективно одделение тоа се четири соби во Центарот за јавно здравје. Не само тука на ниво на држава имаме само 50 инфектолози. Беа запоставени. Оваа криза покажа дека треба да се направи концепт. Охрид треба да има клиничка болница, заедно со Струга. Една голема клиника, каде нема да имаме вака трчање. Одиме кардиолошки, па одиме коснозглобна, па одиме нефрологија. Ние со сите имаме беспрекорна соработка. Охрид заслужува една болница регионална. Тоа е спас да ги соединиме стручните кадри и да им олесниме на пациентите“, сугерира д-р Балевски.

Директорот вели дека е особено горд и благодарен на целиот персонал во охридската болница, кои на ниво на задачата одговорија во исклучително тешките мигови на пандемијата.

Сите лекари, медицински сестри, технички персонал достојно одговорија на задачата.
Ние многу малку пуштивме пациенти во Скопје, со исклучок на оние кои на свое барање одеа на лекување во приватни болници.Интернистите и инфектолозите ги лекуваа повеќето пациенти овде во Охрид.
Медицинските сестри ме изненадија со својата заложба. Сите кои сакаа да одат во приватна болница им дававме наше службено возило за транспорт“, додава Балевски.

Инфективното одделение денес е комплетно префрлено во модуларната болница, а одделот за инфективно во иднина ќе се реновира.Наскоро во болницата ќе се вратат и геријатриските пациенти.
Инаку изминатава година и покрај пандемијата во охридската болница беа направени над 1000 оперативни зафати и 400 породувања.

Текстот е изработен во рамките на кампањата „Здравствените работници се нашите херои – со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата здравствена криза во историјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...