На својот Фејсбук профил, во чест на овој момент тој сподели емотивно видео за кое во описот напиша: Кога слободата е ропство а среќата тага!

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 18:36

Дурловски низ солзи објави емотивно видео: Кога слободата е ропство, а среќата тага!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Познатиот оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот кој денеска доби ослободителна пресуда за настаните од „27 април“. Тој иако имаше право, не побара амнестија, туку инсистираше низ судската постапка да се докаже неговата невиност.

На својот Фејсбук профил, во чест на овој момент тој сподели емотивно видео за кое во описот напиша: Кога слободата е ропство а среќата тага!

Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.

#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.

Тој се заблагодари на пријателите кои му помогнаа овој проект да изгледа совршено. Вели немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели: Кокан Димушевски -Аудио
Мартин Павловски-Шминка, Ласко Џуровски-Дизајн на текст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести