Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2020 10:15

Д-р Андон Чибишев: Од слоганот ,,Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени и починати пациенти драматично се зголемува а власта на чело со СДС и нивните експоненти, си играат предизборна кампања, пишува доктор Андон Чибишев.

Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Трпеливоста и дисциплинираното однесување на граѓаните е фрлено во калта. Сега сите гледаат дека од слоганот ,, Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат. Кризата излегува од контрола, притисокот на здравствениот систем и институциите се зголемува, економијата тоне, животот станува се потежок.

Господа, Вашата неискреност и ПР експериментите не доведоа во ситуација кога сите прогласуваат победа ние да се бориме за опстанок, пишува доктор Андон Чибишев на социјалните мрежи.

Чибишев е член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник. Роден на 11.11.1959 во Чирчик, Русија. Македонец. Доктор специјалист по интерна медицина, Медицински факултет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести