Воедно тој и појасни зошто не е потребно дополнително да се оптеретуваат граѓаните, и дека вирусот не може да се пренесе веднаш на продуктите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2020 10:12

Д-р Пановски: Нема потреба да дезинфицирате производи кои ги купувате од маркетите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во своето гостување на Канал 5, во емисијата Само Вистина, микробиологот Никола Пановски рече дека не му е јасно зошто луѓето ги дезинфицираат чевлите и продуктите кои ги внесуваат дома, како заштита од корона вирусот.

Воедно тој и појасни зошто не е потребно дополнително да се оптеретуваат граѓаните, и дека вирусот не може да се пренесе веднаш на продуктите.

-Во првите месеци многу внимание се обрнуваше на миење раце, со претпоставка дека вирусот живее на предмети. Но тоа многу брзо се покажа дека е погрешна теза, а кај граѓаните остана стравот, па дома ги пребришуваат производите од продавница, ги мијат и.т.н. За да се заразите од предмет, или продукт од продавница, истиот треба да биде контаминиран со доволна количина вирус, бидејќи на овој вирус му треба количина за да зарази. Тоа би значело, врз производот пред вие да го земете, да имаат кивнато неколку луѓе еден по друг и вие веднаш потоа да го земете. Но не само тоа, туку веднаш откако ќе го фатите производот, би требало да се допрете на устата или очите, што е практично многу малку веројатно. Бидејќи, вирусот, како поминува времето, кога тој е врз некоја површина, тој слабее.Според тоа, ова миење на улици и дезинфекции се глупост. Исто така и носењето на маски на отворено е беспотребно и нонсенс. Главно ширење на вирусот е преку респираторен тракт, посочи Пановски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести