Сомнително за истажните органи е приватизацијата и продажбата

Објавил: Узунов Бобан | 19 март, 2019 11:08

Еве во која атрактивна локација за продажба се замешал Стевчо Јакимовски

Фото/Текст извор: ©магазин

Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово беше приведен поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. 

На таа локација кај ресторанот Имес, во близина на рекреативната зона на кејот на Вардар и булеварот Илинденска денеска веќе се изградени неколку станбени комплекси.  

Стевчо Јакимовски влегол во политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика. Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ. Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат.

„За него и двајца вработени во општината се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор“, потвди за ИРЛ Македонија обвинителката Вилма Рускоска.

Ова не е прво апсење на Јакимовски. Минатото лето во август тој беше приведен по што му беа изречени мерки на претпазливост. Во таа истрага се сомничеше за злоупотреба на службената положба, а штетите по буџетот, според обвинителството, изнесуваа околу 560 илјади евра. Неколку дена по оваа пријава, Финансиската полиција поднесе нова кривична пријава која вклучи и две градежни фирми за бесправно градење. 

Според првичните сознанија, Јакимовски додека бил градоначалник, извршил легализација на земјиште со што е намалена цената на државен имот. Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата меѓу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација. Станува збор за земјиштето кај ресторанот Имес во Карпош 4. Покрај тоа, Јакимовски се сомничи и за злоупотреба при јавни набавки затоа што набавувал жертењери со цвеќе од фирми без банкарски гаранции, иако тоа според истрагата било во надлежност на град Скопје.

Според извори на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија во финансиската полиција кои биле директно вклучени во истрагата, Финансиската полиција ја истражувале промените во деталните урбанистички планови со цел да докажат перење пари и корупција. Под истрага биле дузина компании кои важат за угледни. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести