Измерена највисока температура во земјава

Објавил: Узунов Бобан | 7 август, 2019 16:19

Еве кога и каде е измерена највисока температура во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин

Највисоката температура во земјава од 45,7 степени е измерена во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Тоа лето се регистрирани и 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 во Штип и 43,3 степени во Скопје. 

Според евиденцијата на УХМР, највисоката температура за август во периодот од 1951 до 2018 година е измерена, исто така во Демир Капија 44,5 степени.

Во август во Гевгелија максималната измерена температура е 43,8 степени, во Штип 41,7, во Скопје 41, Струмица 40,5 степени, Прилеп 39,4, Битола 39, Крива Паланка 38,2, Охрид, 36,7, Берово 36, маврово 35,1 и Лазарополе 34,1 степен Целзиусов.

Температури до 42 степени, исто така за време на овој најсилен топлотен бран годинава во најтоплите региони истите има услови да се искачат и над 42 степени. Таква е ситуацијата околу временската состојба која не очекува од денес па се до поголемиот дел од наредната недела.

Предизвикувачот на овој најсилен топлотен бран ова лето кај нас е силниот циклонски систем кој од Атлантикот ќе се премести над Велика Британија и над северот од Европскиот Континент и истиот ќе услови токму во овие делови силни врнежи и олуен ветер. Кај нас пак се очекува сосема спротивното, стабилно, суво и сончево без врнежи со исклучок на петок кога локално ќе имаме зголемена облачност, инаку овој силен топлотен бран ќе услови зголемена опасност од пожари кај нас. Токму поради ова се препорачува да не се пали скара и оган на отворено односно во природа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести