Но наспроти Европа, во Австралија утринава е забележана прекрасна глетка. Имено, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 10:48

Европа со температури над 40, Австралија под снег

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото денешен.мк

Топлотниот бран е насекаде во Европа. Температури над 40, висок ув индекс, секојдневно граѓаните мака мачат со високите температури.

Но наспроти Европа, во Австралија утринава е забележана прекрасна глетка. Имено, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час.

Според метеоролозите студениот бран се движи источно од земјата. Метеоролозите ги советуваа граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки, а ненадејниот снег и студениот бран кој донесе силни ветрови го отежна воздушниот сообраќај и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј. На патиштатата поради намалената видливост и лизгавиот коловоз се случија повеќе сообраќајни несреќи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести