Европратениците имаат нова забава, се вика "зезање" на сметка на еврокомесарот Хан, кој веќе го обвинуваат за двојни страндарди кога се работи за неговиот миленик, Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 11:52

Европратениците си тераат “мајтап” со еврокомесарот Хан

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И европратеникот од Словенија, Милан Звер, “тера мајтап” со еврокомесарот за интеграции и соседски политики, Хан, откако Австриецот побара „гласно објаснување“ од унгарскиот премиер Виктор Орбан за азилот на Никола Груевски.

Звер на својот Твитер профил напиша:

Kако може премиерот Орбан да ја објасни одлуката (за азил на Н. Груевски) ако тоа е по сите основи правно прашање, а не политичко? – напиша Звер.

Со тоа словенечкиот европратеник изрази сомнеж и врз наводните заложби на Хан за владеењето на правната држава, за почитување на правото кај членките на ЕУ, додека истовремено бара од политичар, како Орбан, да му објаснува, односно да му се правда за правна одлука на надлежните органи во Унгарија.

Звер не застанува само тука, па на својот Твитер профил напиша и:

Исто така изненадува што Европската комисија не покажа интерес за злоупотреба на судството и за спроведување на законот за политички цели од страна на Владата на Заев, хаштаг – двојнистандарди. – напиша Звер.

Ова е уште обвинување кон Хан, но и вооопшто кон Европската комисија чи претседател е поранешниот долгогодишен луксембуршки премиер Жан Клод Јунке, кој своевремено беше обвинуван дека е еден од творците на т.н. даночни раеви.

Инаку, Звер е потпретседател на Демократската партија на Словенија, чиј претседател е Јанез Јанша. Тој е европратеник, а бил член на Владата на Словенија од 2004 до 2008 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...