Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 22:17

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите македонски актерки Билјана Беличанец.

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

Нејзин матичен театар беше Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.

Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“;  „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.

Беличанец на 6 април 2019 година беше пронајдена мртва во семејниот дом во Скопје. Според полицијата  актерката извршила самоубиство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести