Вкусни мафини со сирење.

Објавил: admin@magazin | 15 мај, 2019 22:27

Едноставни и неодоливи мафини со сирење!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Мафините се вкусни, одлично изгледаат, едноставни и брзи за подготовка.

Се прават со сирење или спанаќ, многу се вкусни, супер се за појадок или вечера. Одличен предлог за подготовка за вашите најблиски.

Превкусни мафини полнети со сирење или спанаќ. Одличен предлог за вечера или појадок.

Состојки:

1 чаша пченкарно брашно
1 чаша брашно
1/2 чаша масло
1,5 чаша јогурт или млеко
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
1 јајце
200 гр сирење

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во калап за мафини, претходно намачкан со маргарин и посипен со малку брашно, но само до 2/3 од калапите.
Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути.

Послужете ги топли со кисела павлака, а можете да додадете и малку сечкано суво месо или зачинска билка во смесата, а ако ставите 2 јајца, ќе бидат помеки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.