Денеска едно лице го загуби животот во експлозија, која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија. Експлозијата веројатно се случила од плинска боца, а повредени се уште три лица.
По денешната трагедија на терен излегле противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на брза помош.
Како што изјавуваат пожарникарите, плинската боца експлодирала во продавница. Повредените веднаш биле префрлени на хируршкото одделение и од општата болница потврдија дека еден човек има тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени.
По санирањето на повредите, од болницата велат дека пациентот со тешки изгореници веројатно со амбулантно возило ќе биде префрлен на лекување во клиничкиот центар во Скопје.
Како дошло до експлозијата, ќе покажат истрагите по завршувањето на увидот кој е во тек.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.