Како што открива Курир.рс, на разговор прво ќе дојдат малцинските партии, потоа СПАС, СПС и конечно СНС.
Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа консултации за формирање на новата Влада, дознава курир.рс ексклузивно.
Како што беше планирано, средбата со лидерот на СД „Санџак“, е закажана за во вторник во 9 часот, а веднаш потоа, во 10 часот, претседателот ќе се сретне со претставници на албанската демократска алтернатива.
За среда е закажана средба со лидерот на Партијата за правда и помирување, Муамер Зукорлиќ, а потоа истиот ден со лидерот на СВМ, Иштван Пастор.
Во петок, 17 јули, во девет часот, ќе се одржат консултации со лидерот на Српската патриотска алијанса, Александар Шапиќ, а во понеделник на 20 јули со шефот на социјалистите – Ивица Дачиќ.
Консултациите со СНС се планирани и за вторник, 21 јули, во 9 часот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.