Партиски извори брифираат дека СДСМ и ДУИ се далеку од консензуален претседател главно поради инсистирањето на СДСМ за Оливер Спасовски за претседателки кандидат

Објавил: Узунов Бобан | 28 декември, 2018 10:03

ЕКСКЛУЗИВНО: Пукна тиквата меѓу СДСМ и ДУИ за консензуален претседател ?!

Фото/Текст извор: ©фокус / магазин

Внатрепартиската борба во СДСМ за претседателски кандидат по се изгледа се префрли и меѓу коалициските партнери. Според партиски извори дознаваме дека Оливер Спасовски ја добил поддршката од Заев да биде предлог на СДСМ до ДУИ за консенсузален претседател со објаснување дека ужива голема поддршка кај Албанците, но ДУИ не го прифатиле со раширени раце сметајќи дека е хард кор партиско решение. 

Останува дилемата во јавноста која е цената која треба да ја плати премиерот Заев за крилото на Шеќеринска да премине преку Оливер Спасовски како кандидат за претседател или колку и што ќе ја чини Македонија ако ДУИ уште еднаш се согласи за партиски наместо консензуален претседател ?!

Без разлика на тоа што сеуште нема меѓукоалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ, Оливер Спасовски оваа недела имаше огнено крштевање преку интервјуа на 1тв и 21тв притоа без да одговори категорично дека нема да се кандидира за претседател. 

„Мислам дека не сме далеку од идејата дека на земјата ѝ треба еден консесуален претседател, еден усогласен претседател, но сè уште не сме разговарале за деталите и мислам дека во иднина, по завршување на овие големи процеси кои ги имаме, ќе може да разговараме и за ова тема“-изјава на Али Ахмети од 9 декември 2018

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вели дека професорот Денко Малески бил предлог на ДУИ за консензуален претседател и во времето кога оваа партија беше во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тој веќе јавно беше оценет од лидерот Али Ахмети како добар кандидат.
Според Османи, не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи има важни прашања кои што треба да следат по затворање на процесот на уставните измени.
Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и тоа треба да биде на предлог на партиите кои се носители на важните процеси, во случајот СДСМ и ДУИ – рече Османи во интервју за Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика