Со одбивањето на барањето за повлекување од владината коалција во Грција е јасно дека Преспанскиот договор има поддршка во грчкиот Парламент

Објавил: Узунов Бобан | 11 јануари, 2019 15:18

ЕКСКЛУЗИВНО: Ципрас обезбедил 151 пратеник, на потег е Заев

Фото/Текст извор: ©ekhtemerini.com/магазин

Пратениците со помалата партија во грчката коалициска влада, Независни Грци (АНЕЛ), во петокот го отфрлиле барањето на нивниот шеф Панос Каменос да побараат повлекување од кабинетот на партиските функционери.

Според првичните извештаи, само двајца од седумте пратеници на партијата во грчкиот дом со 300 пратенички места го поддржале барањето на Камменос да се обратат до премиерот Алексис Ципрас за отстранување на официјални претставници на АНЕЛ од нивните министерски места, со што ефикасно би се распуштила коалицијата.

Во Грција се шпекулира дека непослушноста на пратенците на Независни Грци спрема лидерот Каменос е договорена работа со Ципрас, со цел да опстои владината коалција и да се ратификува Преспанскиот Договор.

Истиот ден, Каменос изјавил дека состанокот со Алексис Ципрас закажан за петок бил одложен поради настаните во македонскиот Парламент.
Средбата меѓу Ципрас и Каменос, која има спротивни ставови во врска со спогодбата за името, се сметаше за клучна во одредувањето на иднината на кревката коалиција. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести