Македонија успеа да слави над Словенија со 2-1 и со тоа да ги задржи шансите за висок пласман во групата Г од квалификациите за Европското првенство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 октомври, 2019 11:32

Елмас: Горд сум на мене и на мојата Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера македонската сениорска репрезентација ја направи горди целата држава, целата арена ечеше и се вееа македонски знамиња по значајната победа над Словенија.

Статус на Елиф Елмас

Македонија успеа да слави над Словенија со 2-1 и со тоа да ги задржи шансите за висок пласман во групата Г од квалификациите за Европското првенство.

Дефинитивно наш најдобар играч на националната арена „Тодор Проески“ беше Елиф Елмас кој ги постигна двата гола кои ја донесоа Македонија до значајна победа врз противникот.

За Елмас ова се четири гола во овој циклус. За оваа партија Елмас доби комплименти од селекторот, соиграчите, јавноста, а тој пак на социјалните мрежи напиша една кратка ама јасна порака: Горд на мене и на мојата Македонија!

Елиф Елмас е роден на 27 септември 1999. Тој е македонски фудбалер, играч од средниот ред на Наполи и на македонската репрезентација.

Елиф Елмас е роден во Скопје, од родители со турско потекло. Израснат е во скопската населба Бутел. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца Вардар од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер.

Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација Фатих Терим се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува земјата во која што е роден.

Дебитирал за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија.[3] Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитирал во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје. На 10 април 2016, го постигнал својот прв погодок во кариерата за романтичарите во победата со 2-0 над Хоризонт Турново на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Работнички ја завршил со 11 настапи и 1 гол.

На 22 јули 2019 година, Елмас за обештетување од 16 милиони евра плус бонуси, премина во калчолигашот Наполи, каде што потпишал петогодишен договор со тимот од Неапол.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести