Тие се во видлив шок и покриени со прашина. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила. Еден постар човек е спасен од друга трошна зграда и влегол во станот неколку минути пред земјотресот. Тој е во добра физичка состојба, пишуваат хрватските медиуми!

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2020 14:22

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ТАТКО И СИН ИЗВЛЕЧЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ ВО ЖИВО – Спасувачките екипи ги носеа на носила во болница (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Спасувачките служби и пожарникарите ги пребаруваат урнатините во Петриња создадени од уривањето на зградите по земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер.

Татко и дете беа извлечени од станбена зграда и со возило на брза помош беа пренесени во болница.

Тие се во видлив шок и покриени со прашина. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила.

Еден постар човек е спасен од друга трошна зграда која влегол во станот неколку минути пред земјотресот. Тој е во добра физичка состојба, пишуваат хрватските медиуми!

Улиците на Петриња се полни со урнатини.

Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...