Тој бил хоспитализиран во болница поради здравствни проблеми, а бил позитивен и на коронавирусот.

Објавил: Владо Марин | 1 декември, 2020 11:09

ЖАЛНА ВЕСТ: Од Ковид-19 почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од компликации на Ковид-19, почина Енвир Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје.

Тој бил хоспитализиран во болница поради здравствни проблеми, а бил позитивен и на коронавирусот.

Малиќи на последните локални избори беше избран како советник во Град Скопје од листата на ДУИ, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во ноември 2017 го именуваше за заменик-градоначалник.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико и познат бизнисмен – управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на „Парк хотел спа“ на кејот на Вардар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam