Почивај во мир.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2021 10:53

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина хармоникашот маестро Тодор Трајчевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како последица од Ковид-19 денес почина маестро Тодор Трајчевски, аранжер и познат хармоникаш!

Оваа вест на социјалните мрежи ја објави предмалку неговата сопруга!

Како последица од Ковид-19 денес почина маестро Тодор Трајчевски, аранжер и познат хармоникаш!

Трајчевски, Тодор (Штип, 3. Ⅷ 1954) – беше композитор, аранжер и хармоникаш.

Се вработил (1983) во Народниот оркестар на МРТ, апотоа станал и негов раководител (1988).

Автор е на голем број песни (околу 200), аранжмани (над 400), како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,
„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ идр.), инспириран од фолклорното наследство на Македонија.

Пишувал и класични композиции (главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуо Рибарски).

Постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. М. Кол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam