Понекогаш помислувате дека НОЛЕ, значи дека нема стил(Nostyle). Секогаш изгледа како дете кое почнало да оди на училиште, напиша Ризон.

Објавил: Перо Милчин | 30 јуни, 2019 11:40

ЖЕЖОК СКАНДАЛ: Новинар брутално го навреди Ѓоковиќ- Новак личи на кукла, како сега да е дојден од војска

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинар од Нов Зеланд, Марк Ризон, напиша срамен текст за најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Општо познато е дека Ризон не е наклонет спрема Новак Ѓоковиќ. Верувале или не, во еден текст тој го спореди и со Хилари Клинтон. Меѓутоа во својата најнова колумна, ги премина границите на вкусот.

Најпрво тој почна да го навредува физичкиот изглед на Новак.

„Се што има врска со Србинот, е погрешно. Да почнеме од фризурата. Личи на кукла, како сега да е дојден од војска.  Дали нешто промени на него во последните 10 години? 

Потоа за гардеробата.

Понекогаш помислувате дека НОЛЕ, значи дека нема стил(Nostyle). Секогаш изгледа како дете, кое почнало да оди на училиште, напиша Ризон.

Кога го совлада Надал во финалето на АУСТАЛИЈАН ОПЕН, беше како машина. Уствари тоа беше една од најдобрите изиграни партии кај тенисери, во последните 10 години, но во него немаше жар. Даваше ладен поглед и тоа не смее да се случи понатака. Посебно не во Австралија, пишува Ризон.

После оваа скандалозна колумна, српскиот ас Новак Ѓоковиќ се уште се нема огласено на социјалнитe мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.