Една од земјите во кои Хрватска има голема дијаспора е Ирска, но гласачите испратија јасна порака до Колинда Грабар-Китаревиќ.

Објавил: Перо Милчин | 22 декември, 2019 22:43

Жежок ШАМАР за Колинда од дијаспората: Во оваа земја живеат голем број Хрвати, но таа доби само ТРИ гласа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Многу кандидати на претседателските избори во Хрватска сметаа на гласовите на дијаспората.

Една од земјите во кои Хрватска има голема дијаспора е Ирска, но гласачите испратија јасна порака до Колинда Грабар-Китаревиќ.

Имено, сегашниот претседател на Хрватска доби само 3 гласови!

Со 98.22 отсто преброени гласови, познати се кандидатите кои ќе одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска. 

Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, што се одржаа денеска.

Според резултатите од излезните анкети објавени од ХРТ, Зоран Милановиќ добил 28,69%, Колинда Грабар-Китаровиќ 25,63%, Мирослав Шкоро 24.26%, Мислав Колакушиќ 6,23%, Дарио Јуричан 4,77%, Далија Орешковиќ 3,39%, Иван Пернар 2,78%, Катарина Пеовиќ 1,11%, Дејан Ковач 1,07%, Неџеjко Бабиќ 0,45% и Анто Џапиќ 0,37%.

Според првичните објавени резултати, Хрватска најверојатно новиот претседател ќе го избере во вториот круг кој би се одржал на 5 јануари наредната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.