Села истакна дека во земјава нема слобода на изразување, новинари добиваат закани по животот и е горд што нема дадено придонес во изградбата на нов режим во кој денес се наоѓа државата.

Објавил: Весна Петровска | 27 јуни, 2019 18:32

ЖЕСТОКО И СКАНДАЛОЗНО: Груби до Села -Ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зијадин Села на денешната собраниска седница за реконструкција на владата изјави дека повторно сме во момент на апсолутизам, нема контра власт.

Судиите сваровски се таму, одлуките на судот се повторно мотивирани од политиката, ова не е демократија и не е слобода.

Села истакна дека во земјава нема слобода на изразување, новинари добиваат закани по животот и е горд што нема дадено придонес во изградбата на нов режим во кој денес се наоѓа државата.

Зијадин Села изјави дека повторно сме во апсолутизам, нема правда и слобода

-Основниот темел на една либерална демократија на поединецот. Знаеме каде сме се вратиле, се враќаме во античката атинска демократија каде што индивидуалната слобода не постоела Кога недостига таквата слобода се претвораме во мизерна држава убиец и декадент, потенцираше Села.

Тој нагласи дека во земјава има недостиг на реформи во правда, судство, а воедно не се исполнуваат ниту препораките на земјите на ЕУ кои ни дават добри причини заради кои не добиваме датум за почеток на преговори.

По изјавата на Села, Артан Груби му се обрати на Зијаден Села, велејќи му „ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица“. Груби му рече дека тие се скандалозна опозиција.

„Народот го поддржува ДУИ, како единствената опција која ги води граѓаните напред“, рече Груби.

Груби му порача на Села дека тие се слуги на измамници кои не му мислат добро на народот, додавајќи дека во 2001 година албанската опозиција ја немало, а албанскиот народ бил оставен на цедило.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести