За Фокус открива дека понекогаш се случува да не може да најде лек за својата болест во ниту една аптека.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2019 11:12

Животот го минувам борејќи се, поминувам во 24 аптеки за да најдам лек- искрена исповед на младиот Ангел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младиот Ангел Димитриевски кој боледува од епилепсија за Фокус  раскажува за својата болест. Тој вели дека често пати се соочува со потешкотии во набавувањето на лекови.

Македонија не е држава што треба да биде примена како членка во некои повисоки инстанци како Европската унија каде што основните цивилизациски потреби за преживување се задоволени, а веќе се зборува за понапредни концепти. Ова е држава во којашто државата го загрозува здравјето на своите граѓани и сметам дека оваа држава треба да биде казнета за тоа и сериозно треба да се преиспитаат сите начини на коишто се оштетуваат граѓаните вели Ангел за Фокус

За Фокус открива дека понекогаш се случува да не може да најде лек за својата болест во ниту една аптека.

Во рок од три дена имам поминато 24 аптеки, 1 лекар специјалист невролог и 1 матичен лекар. Станува збор за процедура што ја поминувам скоро секој месец во потрага по дефицитарниот лек оксалепт за третирање на епилепсија.Лековите од типот на тегретол, окскарбамазепин и трилептал се дефицитарни со месеци. Што тоа значи? Значи дека треба да се претргнеме од барање за да добиеме лек без којшто ние како лица со епилепсија не можеме да живееме. Тукушто се враќам од кај лекарка којашто ми кажа дека има луѓе што воопшто не можат да ги најдат лековите и веќе имаат дневно епилептични напади поради тоа. Па јас сега се обвинувам како може да јас немам време да се заангажирам со медиумите за ова, да напишам нешто, да помогнам да се слушне за сето ова.

Ангел вели дека лицата со епилепсија секојдневно водат борба за лекови. Вели доколку не успее да најде во ниту една аптека, борбата продолжува барајќи лек во други градови.

Во суштина навистина немам време. Значи, јас кога секое пакетче на лекови ќе ми дојде при крај, цел град го поминувам секој ден по аптеки барам лекови, се јавувам по други градови каде што би можеле да имаат лекови, па спремен сум да тргнам уште истиот ден во друг град, се јавувам по веледрогерии, по невролози и што ли уште не. Ова е дневна борба на лицата со епилепсија. Во основата на појава на епилептичните напади е стресот, барем од моето искуство. Ова е една толку стресна и грчевита состојба, состојба на непредвливост во којашто не знаете како ќе завршите со потрага по нешто без коешто не можете да живеете. Живеењето во помисла дека имате само 2 или 3 таблети во вашиот дом е една толку стресна состојба што дополнително ги влошува нашите состојби.

Целото интервју на андреј за Фокус можете да го прочитате овде.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...