Зоран Заев и не негодуваше за економските тешки години кога од ВМРО - ДПМНЕ побара и доби четири (4) последователни предвремени избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 12:34

Заев веќе не сака избори, биле штетни за економијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, конечно се сети на своите предизборни ветувања дадени пред две години, па одби одржување предвремени избори за пратеници.

Заев иако когаш не најави интеграциска или реформска година, сепак изјави.

Идната, 2019 година, да ја прогласиме за економска, како што оваа, 2018-та беше година на интеграциите. Парламентарните избори да се вратат на нормален колосек и да бидат редовни, а не да се одржуваат пред време. рече премиерот Зоран Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.

Заев напомена дека одржувањето предвремени парламентарни избори е погубно за економијата, ја отежнува работата на бизнисот, го прави непредвидлив и го оневозможува неговото планирање.

Крупните политички чекори, потенцира премиерот, мора да се направат ако сакаме раст и развој на државата.

Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските. Предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата за четири до шест месеци. Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори. – истакна Заев.

Претходно претседателот на Стопанската комора Бранко Азески исто така изрази уверување дека 2019 ќе биде прогласена за економска година.

Ние сме за развоен буџет, иако тоа е тешка работа. Ќе направиме се што можеме за 2019 да биде година на економијата. – рече Азески.

Заев кога СДСМ беше во опозиција повика и доби четири (4) последователни предвремени избори за пратеници и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година и ниту еднаш не се огласи на изјавите на тогашниот премиер Груевски дека избори секоја втора година лошо влијаат врз економскиот развој на земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести