СДСМ чекори напред кон стабилност и безбедност, кон економски раст и развој.

Објавил: Владо Марин | 13 февруари, 2020 16:51

ЗАЕВ: ВМРО-ДПМНЕ еден чекор назад, СДСМ три чекори напред

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ чекор назад со најави за враќање во времиња на изолација, блокади, кавги со соседите и неизвесност, пишува на социјалните мрежи екс премиерот Зоран Заев.

Тие еден чекор назад, ние три чекори напред, вели Заев.
ВМРО-ДПМНЕ чекор назад со најави за враќање во времиња на изолација, блокади, кавги со соседите и неизвесност.
СДСМ чекори напред кон стабилност и безбедност, кон економски раст и развој.

Заев вели дека НАТО не е само безбедност и сигурност. Членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Тој вели дека целиот наш народ, сите наши граѓани се горди на овој историски успех – Република Македонија, 30-та земја-членка на НАТО!

Заедно сме, рамо до рамо со најсилните, најмоќните демократски држави во светот, тврди Заев.

Пред два дена пратениците го ратификуваа протоколот за пристапување на земјата кон НАТО. За ратификацијата гласаа 114 од вкупно 120 пратеници а немаше гласови против ниту пак воздржани.

Република Македонија го започна процесот на пристапување во НАТО во втората половина на 2018 година, откако доби покана на самитот на Алијансата во Брисел на 12 јули истата година да стане членка на најмоќната воено-политичка алијанса во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика