На прашањето дали е преголема цена со правосудството премиерот рече дека судството не треба да плати никаква цена заради иднината на државата,

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 10:55

Заев: Во Македонија нема доволно кадар затоа се вработуваат роднини и пријатели

Фото/Текст извор: ©мгазин.мк

Актуелниот премиер Зоран Заев, беше гостин во дебатната емисија „Клик Плус„на тв21, каде изјави дека доколу не се постигне цензус во претседателските избори, тој веќе има план Б.

Заев посочи дека има решение доколку не се постигне цензусот во претседателските избори. Тој додаде дека освен повторувањето на изборите, може исто така да се укине цензусот или Претседателот да се избира во Собранието на Република Македонија, а истакна дека по ова прашање се консултирал и со министерката за правда, Рената Дескоска.

Премиерот Зоран Заев беше гостин во емисијата Клик Плус на тв21

На прашањето дали е преголема цена со правосудството премиерот рече дека судството не треба да плати никаква цена заради иднината на државата, затоа што тогаш губи смисла иднината на државата ако не бидеме правна држава.

Во моментот кога беа потребни две третини во парламентот за гласањето на уставот се случи процесот на помирување меѓу кој  имаше и политички одлуки, не само одлуки преку правосудството, политички одлуки во форма на закон за кој јасно правеа разграничување на настанот на 27 април. Тој чин го направивме со политичките алатки и некој тука го расипуваа правото, правната држава или владеењето на правната држава. Правосудството испорачува резултати и пресуди се донесени, голем дел се правосилни пресуди, процесуирани се сериозни предмети проив политичари и против луѓе кој што покажува дека законот владее за сите. Јас од кога сум премиер терам рочиште од кога е почнато додека бев како шеф на опозиција и пред неколку дена добив ослободителна пресуда од апелација која сама по себе покажува фер судење. Повеќе мешање во правосудството нема, реформи се прават цело време. Повеќе не е Грција кочница сега имаме пријатели околу нас. Треба да ги зголемиме трговијата угостителството, и производството. Нашата земја се соочува со недостаток на неквалификувана кила. Во моментот 95 илјади граѓани бараат работа , толкава е бројката не се тоа стотици илјади граѓани, одговори премиерот Заев. 

Заев на прашањето што ќе биде со занаетчиските училишта, изјави дека во Македонија образованието е дуално, односно дека дури 95 илјади луѓе бараат работа со основно образование, само 26 од пријавените во агенцијата за вработување се со средно образование, а остнатите се магистри и доктори на науки, па вели кога ќе земете како процент ќе видите дека мора веднаш да направите нешто или прекфалификација на тие 95 отсто. 

Делот од плановите ни одат кон дуалното образование. Што значи дуално. Тое 95 илјади луѓе што бараат работа, активни баратели се во агенцијата за вработување таму е бројката 52 отсто се со основно или помалку од основно образование, 26 отсто се со средно образование другите се со високо магистри и доктори на науки, и кога ќе ги земете како процент ќе видите дека морате веднаш да направите нешто или прекфалификација на тие 95 отсто .Вториот дел од дуалното образование е воведување на целосен нов систем на стручно образование кое што во текот на завршувањето на првата година на средно образование ќе ви каже на вас или мене како на родител, извини првото дете ти е супер но второто дете не ти е за на факултет и не го пуштај, и ќе ни кажат професорите и директорите дека не може ова дете да доаѓа на факултет и ќе оди на стручно образование а во втора година ќе оди два дена во неделата на пракса, а третата ќе оди три дена на пракса два дена ќе биде во училиште и после 23 години тоа ќе има право и да оди на факултет. Секаде го има тоа во Германија, Австрија, изјави Заев во емисијата клик Плус…

На прашање поврзано со непотизмот во државата, за што опозициската партија на неколку наврати ги обвини ВМРО, Заев го отфрли обвинувањето за непотизам и вели дека тоа навидум изгледа така поради тоа што нема доволно кадар во Македонија, тој вели “ние мораме да направиме јасна дестинкција”.

Ако е така тоа ќе го преземеме како дејствие, значи не е така.Ако некој ви кажува пратеничката од Струмица Катерина Кузмановска има вработено свое дете додека она била пратеник но тоа дете е лекар, на конкурс од 7 лекари двајца се кандидираа и едното беше тоа и двајцата ги примија. Ако имаше уште 5 ќе ги примеа и тие 5. Значи нема. Дали тоа дека тоа дете не треба да работи. Кажувам ние мора да направиме каде граѓаните се обесправени или каде имаат еднакво право и каде е тоа, ние мораме да направиме јасна дестинкција.Ако имало влијание и тоа точно сега го докажува антикорупциска, дали синот на пратеничка која што синот е вработен во ЕЛЕМ имала инструкции и влијанија и кој е при тоа обесправен, и ако се докаже тоа е завршена работа. Но таа не одлучувала за своето дете ниту па има докази дека влијаела.

Премиерот додаде дека работни места се отворени и во катастар но нема доволно кадар.

Ние имаме потреба и во катастар и во самите јавни институции за геодети геометри кој што ни требаат. Немаме доволно кадар, работат, и се преокупирани со легализација, сите работат, приватно повеќе работат отколку во јавните институции, но нека утврдат органите, ако ограните тоа го утврдат јас верувам дека 100 проценти ќе ги послушаме ….

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести