Возрасните и децата од Љубојно наскоро ќе ја видат оваа зграда обновена во нов сјај!

Објавил: Владо Марин | 20 декември, 2020 10:57

Заев во старото училиште „Димитар Влахов” во Љубојно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј.

„Денес се наоѓаме пред објектот на старото училиште во с. Љубојно, кое претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа.

Неговото значење не произлегува во толкава мера од неговите уметничко-стилски и архитектонски карактеристики туку многу повеќе од неговите културни и општествени вредности. Имено тоа претставува лулката, односно второто училиште во Македонија, во кое по завршувањето на Втората светска војна, започна да се одржува настава на македонски јазик.

Заев: Обезбедивме 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно!

Ова е показател на самосвеста на локалното население за неговата самобитност и посебност, и за неговите напори за втемелување на основните човекови определби.

Во Љубојно во Преспа го запознав дедо Митре кој има 91 година, а осмолетка завршил во разурнатото училиште зад него. Тоа било второ по ред училиште со настава на македонски јазик во земјава. Дедо Митре низ годините се иселил во Америка, а сега живее повторно дома, во своето Љубојно.

Возрасните и децата од Љубојно наскоро ќе ја видат оваа зграда обновена во нов сјај. Како Влада, обезбедивме првични 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик кој ќе постои на местото на старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно.

Во Преспа ќе изградиме и мултимедијален центар за размена на идеи меѓу младите од регионот, за кој од Буџетот веќе се издвоени 100 милиони денари.

Тоа ќе биде место каде што ќе се организира меѓународен „Преспа Форум за дијалог и соработка“, бренд изграден од нашата држава, базиран на пријателствата и соработките по кои сме препознаени, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.